|
Мак Домен | Комплетно решение за Вашата Веб Страна
Паркирање домен или паркирање ДНС (domain parking, DNS parking) е услуга што ја нуди веб-хост на клиенти со цел зачувување на некое име на домен за идна употреба. Веб-хостот го регистрира името на доменот и го „паркира“ на сервер, каде што тоа чека да се активира. Со ова, хостот обезбедува достапност на името на доменот за својот клиент, односно оневозможува некој друг да го регистрира тоа име во меѓувреме.
Како рекламна практика, паркирањето на домени се користи и за прибирање приход од посетите кои доаѓаат на неразвиен веб-сајт, или до домен со име кое привлекува случајни посетители. Кога ја посетуваат адресата, посетителите се пренасочуваат на страница што содржи релевантни огласи и врски. Врските може да бидат насочени кон предвидените интереси на посетителите. На пример, доменот oslabi.com.mk може да води кон страница со врски за дијети и лекови за намалување на телесната тежина.
Уште една употреба на паркирањето домени е пренасочување кон друг веб-сајт од истиот сопственик.
Паркирањето домени се дели на монетизирано (генерира приход) и немонетизирано. Кај првото се покажуваат огласи. Кај второто, најчесто се поставува порака од типот „Во изработка“, „Наскоро ќе се хостира...“ („Under Construction“ или „Coming Soon“).
Може да се дополни овој напис околу Паркирањето на домен.
Инаку овој сервис или како веќе сакате, настанал не за стварање на профит преку рекламирање или зачувување на доменот, туку првенствено за:
Пренасочување на сообраќајот од оден домен кон друг, можеби најдобро е преку пример. Ги имате следните домени argos.mk, amm.mk, и овој dlkonkord.com. и сакате односно имате една презентација па сакате вашите посетители секогаш, кој и да било домен да го изберат-кликнат ќе им се прикажува една те иста страница.
Зошто е оваа потребно. Кога имате една компанија и таа има своја презентација моше да ги закупи сите тие основни домени .com, .info, .biz, и во случајов национален .mk домен таа компанија многу подобро ќе котира и ќе изгледа посериозно на своите потенцијални клиенти.
Еве каде јас лично тоа го употребив ако изберете argosmm.info и argos.com.mk и во двата случаја ќе ви се прикаже иста презентација. Мислам дека оваа е сепак основната замисла за постоењето на пракирање домени!!!
Makdomen.com ~
Site Info
Whois
Trace Route
RBL Check
|
|
|
|